
Либерија прогласи вонредна состојба поради епидемија од смртоносната ебола, додека американскиот претседател Барак Обама изјави дека прерано е на жртвите на оваа болест во Африка да им се испраќаат лекови, кои се во експериментална фаза.
Претседателката на државата Елен Џонсон Серлиф прогласи вонредна состојба во земјата и предупреди дека се потребни вонредни мерки заради опстанок на државата.
Парламентот денеска ќе ја ратификува оваа одлука, а истото ќе го направи и парламентот на Сиера Леоне, каде што вонредна состојба е прогласена минатата недела.
Вирусот однесе 1000 животи, а вонредната состјба ќе трае најмалку 90 дена.