Во Литванија нападнат Леонид Волков, близок соработник на Навални

Леонид Волков, член на руската опозиција близок до Алексеј Навални, бил нападнат во вторникот вечета во близина на неговиот дом во Литванија, балтиската членка на Европската унија и НАТО.

Волков бил нападнат со чекан во литванската престолнина Вилнус, изјави за Reuters, Кира Јармуш, поранешната портпаролка на Навални.

„Леонид Волков штотуку беше нападнат пред неговата куќа. Некој го скршил прозорецот од автомобилот и му испрскал солзавец во очите, по што напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“, вели Јармуш во објавата на социјалните мрежи.

„Леонид сега е дома, полицијата и брзата помош се на пат кон него“, додаде таа.

Друг член на тимот на Навални, Иван Жданов, објави фотографии на социјалните мрежи од Волков со раскрвавена потколеница на левата нога и нешто што изгледа како модринка на слепоочницата. Тој е пренесен во болница.

На прашањето дали напаѓачот кажал нешто во текот на нападот, Жданов за BBC рекол: „Сè се случи во тишина“.

„Се разбира, ова е јасен политички напад, тука нема сомнеж“, додал Жданов.

Волков живееше надвор од Русија неколку години, тврдејќи дека тоа е заради неговал лична безбедност и беше претставуван како шеф на штабот на Навални до моментот кога вториот ненадејно не почина во затвор на рускиот Арктик минатиот месец додека отслужуваше 19-годишна затворска казна откако беше осуден по низа обвиненијата од финансиски махинации, кршење на закони, непочитување на одредби од условната казна и радикално однесување.

Четириесет итригодишниот Волков, исто така, се соочува со различни обвиненија во Русија, меѓу кои и она за десничарски радикализам и национализам за кој своевремено беше осуден па ослободен и самиот Навални.

Волков беше претседател на Антикорупциската фондација на Навални до минатата година, кога поднесе оставка по откритието дека потпишал писма во кои бара Европската унија да се откаже од некои санкции против Русија.

И покрај тоа што живее надвор од Русија, Волков ги предводеше обидите да продолжи активизмот на Навални и неговиот тим. Тоа, според него, вклучувало антикорупциски истраги, видеа на YouTube и преноси во живо за време на протести и големи настани во Русија.

Повеќе активисти се преселија да му се придружат на Волков во странство во 2021 година, откако целата политичка организација на Навални беше означена како „екстремистичка“ и „странски агент“ кој прима пари од странски извори и држави.

Четириесет иседумгодишниот блогер и опозициски активист Алексеј Навални почина на 16 февруари во казнена колонија северно од Арктичкиот круг. Според властите, најтврдиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин колабирал во текот на прошетката во затворскиот двор, а обидите за реанимација биле неуспешни.

Неговата сопруга и поддржувачите на опозицискиот блогер кога Западот го третираше како политичар иако никогаш немаша фомирано партиија, ги обвинуваат руските власти за убиство на Навални.