Северниот италијански регион Ломбардија, најмногу погодена од коронавирусот, ги покажува првите знаци на забавување на ширењето на заразата, изјави во понеделникот гурвернерот Атилио Фонтана.
Во оваа многу густо населена област во која се наоѓа и италијанската финансиска престолнина Милано, десега од Covid-19 починаа 1.218 од вкупните 1.809 жртви во цела Италија, а бројот на заразените достигна бројка од 24.747 во целата земја.
Дури 205 од 368 лица кои починале само во еден ден, од саботата до неделата, беа од Ломбардија. Тоа е најголем број починати од коронавирусот во едно деноноќие во светот, вклучително и Кина.
Меѓутоа, гевернерот на Ломпардија смета дека има причини за оптимизам, бидејќи податоците покажуваат дека вирусот се шири побавно отколку пред неколку дена.
„Зголемувањето на бројот на новите сличаи не е толку драматично колку што беше пред два-три дена. Да се надеваме дка станува за пресврт на трендот. Го велам ова пулугласно, ова би можело да биде почетокот на надолната линија“, изјави Фонтана за Radio 1.
Се верува дека ограничувањето на движењето на граѓаните, воведено на 8-ми март, требада да даде резултати.
Но премиерот Џузепе Контер за миланскиот дневен весник Corriere della Sera предупреди дека состојбата во Италиај во целина се влошува.
„Научниците тврдат дека епидемијата сѐ уште не го достигнала својот врв, седмиците пред нас ќе бидат најризичните“, вели Конте.
Првите случаи на коронавирусот во Италија се појавија на 20-ти февраури во мало место во Ломбарија, оддалечено околу 60 километри од Милано.