Во мајскиот конфликт со Израел убиени над 80 припадници на Хамас, потврди движењето

Во текот на мајскиот 11-дневен жесток судир со израелските сили, загинале повеќе од 80 припадници на Хамас и 3 отсто од системот подземни тунели, соопшто во сабоатата Јахја Синвар портпарол на политичкото биро на ова исламистичко движење кое ја контролира палестинската енклава Појасот Газа.

„Тисе се надеваат дека ќе уништат 50 отсто од движењето и дека ќе го фрлат Појасот Газа со децении наназад, но постигнаа само една голема нула (…) Бројот на загинатите во нашите редови надминува 80, но според последните пресметки не достигнува 90“, пренесува порталот на радиостаницата Saut Al-Aqsa цитирајќи го Синвар кој зборувал на митинг во Газа.

„Тие планираа да ги уништат сите подземни тунели, не не успеаја да уништат повеќе од три проценти“ од мрежата, додал високопозиционираниот припадник на Хамас.

Според Синвар, доколку се повтори ексалација на судирите со Израел, по неа „целата ситуација на Блискиот искотк че се промени“. Покрај тоа, тој ја повторил својата реза дека „сега двожењето не е онакво какво што беше пред мај 2021 година“.

Ноќта на 21-ви мај, по силните напори на ткн шатл-дипломатија на египетските посредници, во Појасот Газа стапи на сила промирјето. Во моментов, главната задача на палестинските власти е да ја обноват разорената крајбрежна енклава, во која штетите од борбените дејствија се проценуваат на околу 350 милиони долари. Покра тоа, 80 отсто од населението во овој сектор се соочуваат со големи проблеми во снабдувањата со вода и електрична енергија.

Милитантните групации кои дејствуваат во Појасот Газа, Хамас и Исламскиот џихад разменуваа ракетирања и одмазнички воздушни и артилериски удари од 10-ти мај. Ракетните напади од палестинската енклава беа реакција на немирите на платото пред џамијата Ал Акса, во источен Ерусалим кога изралеската полиција не дозволи собири на Палестинците во текот на светиот муслимански месец Рамазан. Исто така, во тој педиот се очекуваше и пресуда на судот во врска со иселување на палестински семејства од кварот Шеик Јарах од нивните домови на коишто право полагаат еврејските доселеници.

Во текот на судирите палестинските радикали истрелале повеќе од 4.000 ракети врз израелската територија, а како одговор изралелската војска бомбардираше стотици цело во енклавата. Во Појасот Газа во текот на единаесетдневните судири загинаа 256 луѓе, од кои речиси 70 деца, или вкупно 292 луѓе со жртвите во уличните конфликти меѓу Палестиците и израелските безбедносни сили во другата енклава Западниот брег на реката Јордан кои избувнаа како реакција на настаните во Газа. На израелска страна, пак, имаше 13 жртви, од кои две деца, еден војни на границата со Појасот Газа и четврица странски работници на фарми.