Во Македонија во мај годинава се регистрирани 76.419 туристи и 171.097 ноќевања. Бројот на туристи во Македонија во мај годинава поголем за 13 отсто за разлика од лани. Бројот на ноќвања пак е зголемен за 12,5 проценти.
Во мај годинава споредено со мај лани за 13 проценти е зголемен бројот и на домашните и на странските туристи. Кај ноќевањата на домашните туристи има зголемување за 9,8 проценти, а кај странските за 14,3 проценти.