Во Македонија годинава зголемен инасталираниот капацитет за производство на струја од сонце за 140 насто

За неполни две години во Македонија се инсталирани нови енергентски капацитети со вкуна инсталирана моќност од 532,2 Мегавати електрична енергија од природни обновливи извори, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од сонце за кои се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140  проценти повеќе од цела 2022 година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW. Интензитетот на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за само 6 MW, соопшти Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Регуларторната комисија соопшти дека со електричната енергија произведена од обновливи извори од новите централи што се изградени во изминатите две години може да се снабдуваат со струја 166.000 домаќинства.