Во Македонија идентификувани повеќе нови варијанти на коронавирусот

Во согласност со анализите од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на коронавирусот, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава.

Ова го соопшти Институтот за јавно здравје, од каде што информираат дека податокот може да укажува на внесување нови случаи на Covid-19 од странство. Засега потврдено е само присуството на британскиот сој на коронавирусот во земјата.

Од Институтот за јавно здравство во вторникот не соопштија поединости за кои мутации и соеви станува збор, и кај колку пациенти биле откриени.

Инаку, во неделниот извештај ИЈЗ јави дека бројот на нови случаи на заразени од коронавирус оваа недела, во споредба со претходната, е зголемен 5,3 осто. Истовремено, регистрирано е намалување од 34,8 отсто на починати од заразата, а процентот на позитивни изнесува 12,9 отсто од тестираните.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, статус оздравени стекнале 2.519 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2 проценти помалку во споредба со минатата недела.