Во Македонија најскапото се губи многу евтино

Христијан Мицкоски кој реизбран за претседател на 17. Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор нагласи дека најскапото се губи многу евтино.

„Во Македонија најскапото се губи многу евтино.
Доста се замижува пред секојдневните врски, митаџиства и протекции за добивање на услуги кои секако му следуваат на обичниот човек. Што мислите како 135 пати поминувал автобусот на Беса транс низ царината без потребните документи и дали ако некој од вас се обиде да ја мине границата без документи, како ќе заврши? Е тоа на овие од компанијата милениче на власта им успеало над стотина пати. И таа иритирачка вина кај одредени структури, која се наградува наместо да се казнува, доведува до тоа животите на луѓето да се губат и тие да имаат ниска цена. Најскапото се губи многу евтино“, нагласи Мицкоски.