Во Македонија регистрирани се 150.141 невработени

Во второто тримесечје од годинава во земјава имало 1.681.862 работоспособни граѓани од кои активни лица биле 945.412, при што 795.271 биле вработени, а 150.141 невработени. Стапката на активност во овој период е 56,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност и на вработеност е за по 0,2 повисока во споредба со првото тримесечје од годинава, додека стапката на невработеност е помала за 0,1.