Во Македонија нема политичари за дејствие

Во минатата колумна подвлеков дека 25 години македонската политика нема црвени линии, ниту во однос на внатрешните, ниту во однос на надворешните македонски интереси. Нема, затоа што политичарите не ги најавиле јасно и гласно било од глупост, било од неукост, било од страв. Зашто ако ги најават, потоа ќе мора да ги бранат, а НИЕ НЕМАМЕ ПОЛИТИЧАРИ ЗА ДЕЈСТВИЕ.

Наместо тоа, имаме политичари за зборови. Тие можат да напишат десет колумни, да се плукат во Собрание десет часа без да кажат нешто конкретно, а уште помалку – да преземаат било што. Таквата логореа ја гледаме, ја слушаме и читаме секојдневно во весници, електронски медиуми, писмени и усмени обраќања.

Вистинска циркузантска шема гледаме во Собранието, кое четири денови води расправа за Извештајот на Катица Јанева. Таа веќе цела година покажува не само дека е американска марионета, туку дека е неписмена марионета. И тоа се гледаше уште пред да ја изгласаат пратениците. Само што 111, исто толку откачени партиски глувци, ја избраа, а потоа почнаа да врескат дека не чинела. Сега ја прашуваат за што потрошила 4 милиони евра. Таа како одговор им вели дека се нелигитимни, иако ја изгласале и истовремено бара од нив „нелигитимните“, да и’ го продолжот мандатот. Тие пак бараат да им се извини или да поднесе оставка и на тој начин и СЈО и Собранието продолжуваат да трошат џабе народни пари.

Ако бевме нормална држава:

1) пратениците немаше да гласат за нелигитимна во однос на македонскиот Устав институција, а да не зборувам за фаца како Јанева.

2) уште првиот пат кога објави дека Собранието, Претседателот, Уставниот суд, Советот за јавни обвинители се нелигитимни, а само таа е легитимна, Уставниот суд мораше да го укине СЈО, Собранието да ја разреши Јанева, а Претседателот да го поништи указот за нејзината функција од две причини:

а) заради навреда на сите државни институции,

б) заради целосна несоответност.

3) кога почна да спроведува партиска и антимакедонска и антидржавна политика, Јанева веќе очигледно мораше да биде разрешена, но тоа пак не се случи.

И ете, доаѓаме до денешниот циркус, претходен од „специјалното“ интервју на „Специјалната“ на македонската државна телевизија. Таков идиотизам не може да биде најден ни во Бурунди, која се смета за најкорумпирана држава во светот. Сапуницата можеше да заврши за 15 минути, откако Јанева одби да одговара на пратеничките прашања. Разрешување и враќање во Гевгелија. Само тоа кој ќе го направи?

Последната недела донесе уште неколку потврди дека немаме и надворешна македонска политика:

1) Во мај годинава неколку бугарски диверзанти водени од генерал ставиле плоча на Кајмакчалан за прослава на бугарската освојувачка политика кон Македонија во Првата светска војна. Ќе потсетам дека во истото време косовски терористи повторно упаднаа кон Куманово. Тогаш министер во МВР беше Оливер Спасовски од СДСМ, кој спремаше пуч и граѓанска војна. Затоа и граничната полиција спиела во време на бугарското злосторство. Од македонска страна никој ништо не разбра. Ами ако наместо плоча диверзантите носеа бомби и експлозивни материјали за атентати?

2) Наскоро диверзијата стана јавна откако бугарскиот министер за одбрана вети награди за илегалците, кои ја поставиле плочата на Кајмакчлан. Што направија македонската Влада, Собрание, Претседател? Ништо, апсолутен молк.

3) Откако патриотот Миленко Неделковски ја уништи незаконската плоча, се огласија со гневни реакции и уцени бугарскиот премиер и бугарското МНР, кое најави дека повторно ќе постави плоча. Едвај тогаш, македонското МНР внимателно изјави дека плочата била незаконска и истовремено со повикот да не се охрабруваат такви сторители, во неколку реда користеше зборови „нашите пријатели од Република Бугарија“, Бугарија „пријателска држава“. И тоа во момент кога во Бугарија се води жестока политичка и медиумска антимакедонска кампања. Со тој акт бугарската држава покажува на дело дека за нејзе Македонија не е политички субект и секој може да прави на нејзината територија сè што ќе посака.

МЕЃУТОА, СЕРВИЛНАТА МАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА КОН БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, АЛБАНИЈА И СРБИЈА Е ОД 1991 ГОДИНА ДО ДЕНЕС. ТАА ПОЛИТИКА ПОЧНА СО ОТКАЗОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ДА ГИ БРАНИ МАКЕДОНСКИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ.

Најголеми лигуши се македонските дипломати во Бугарија. Како правило ми е впечаток колку улижувачки се на пример…