Најголеми лигуши се македонските дипломати во Бугарија. Како правило ми е впечаток колку улижувачки се на пример писмените обраќања на македонската Амбасада во Софија кон бугарското МНР. За што и да било, и во почетокот и кон крајот има посебни изјави на почитуване и благодарност, се едно дали станува збор за обраќање на вазал кон господар. Да не зборувам за самата содржина на обраќањата. Спротивно на нашето додворување, обраќањата на бугарското МНР кон Амбасадата се од сосема друг вид.
САМО ДВАЈЦА ОД МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО БУГАРИЈА ПОКЖАА КАРАКТЕР.
Никола Тодорчевски и Абдурахман Алити не само што директно изјавија дека целосно ќе го бранат македонското малцинство, а и секогаш одржуваа комуникации и даваа поддршка на македонските организации. Затоа и мандатите им ги заверија пред време. Тодорчевски ја одбил средба со бугарскиот надворешен министер Надежда Михајлова, затоа што таа доцнела 7 минути. Алити, пак, кој беше точен како швајцарски часовник, си замина од бугарското МНР по 3 минути чекање, па мораше да го гонат по скалите и да го молат да се врати.
4) Веќе стана традиција улижувачкиот однос на МПЦ кон СПЦ. Доволно беше еден српски епископ Амфилохије да се обрати кон г. г. Стефан како „архиепископ охридски и македонски“ и синодот на МПЦ веднаш прифати да поклони дел од моштите на свети Јован Владимир. А, потоа испадна дека и криминалецот Вранишковски бил „архиепископ охридски и македонски“. Уште пред три години кога од Македонски манифест бевме кај македонскиот Поглавар, дадовме предлог МПЦ да стане организатор на посебна група со учество на непризнаените цркви. Секоја од тие цркви е легитимна, затоа што е национална, т.е. има верници. Ако СПЦ или која друга црква не ја признава МПЦ, тогаш и ние не ги признаваме. Директно и јасно.
5) Потврда дека РЕЦИПРОЦИТЕТОТ НЕ Е ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА се ѝдодворувачките односи со Србија. Во 2013 година српскиот државен врв побара да слави 100 години од Балканските војни на македонска територија. Им дозволивме. Годинава побараа да слават 100 години од битката на Кајмакчалан. Пак им дозволивме. Како одговор не добиваме можност да го славиме АСНОМ во манастирот „Прохор Пчински“. Тоа значи дека сме ненормални.
Уште полошо е дека нашата ненормалност трае повеќе од едно столетие. Во 19 век ги поткрепивме бугарите за нивна Егзарија со надеж подоцна да ни помогнат за возобновување на Охридската архиепископија. Направија Егзархија и не зафркнаа. Во Балканските војни доброволно станавме топовско месо на Бугари, Грци и Срби, божем ќе не ослободат. А, тие не’ окупираа, т.е. повторно не зафркнаа. Во Првата светска војна по трет пат се случи истото. Тоа не значи дека македонскиот народ е глупав, туку дека е манипулиран како од своите соседи, така и од своите фалшиви лидери бугараши, гркомани и србомани.
6) Претседателот д-р Горѓе Иванов во своето обраќање на 71 Генерално Собрание на Обединетите нации потцрта неколку битни работи: заканите од држави членки на НАТО и ЕУ од прогласувањето на независноста до денес, непочитувањето на Пресудата од Меѓународниот суд на правдата во корист на Македонија, двојните стандарти во однос на меѓународното право, намерното креирање на кризи во македонската држава. Сето тоа беше одлично, но се девалвира со средбите на Претседателот и општите слики баш со тие кои се носители на двојни стандарти и креираат закани кон Македонија.
7) Како Претседателот Иванов во Њујорк, така и премиерот Димитриев во Виена (на самитот во врска со мигрантската криза) подвлекоаа, дека меѓу сите европски земји Македонија се соочи со најтежок проблем, затоа што преку нас поминаа околу 800 000 мигранти, а не добивме поддршка од ЕУ. Во истото време, на општата слика на 9-мината премиери плус Меркел и европските бирократи, Димитриев некаде позади се души, а напред се прчат бугарскиот премиер Борисов и Албанецот Рама, кои практично не разбраа што е тоа мигрантска криза.
8) Во своја колумна Влатко Ѓорчев бара 62 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ на изборите од 11 декември.
ДОСЕГА ТАА ПАРТИЈА УПРАВУВАШЕ 10 ГОДИНИ И НА ДВА ПАТИ ИМАШЕ ЦЕЛОСНО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО. И ШТО ОД ТОА? НИТУ БЕА СТАВЕНИ ВО ЗАТВОР ПЕТТОКОЛОНАШИТЕ, НИТУ БЕА ОСУДЕНИ КРИМИНАЛЦИТЕ ОД СДСМ, НИТУ БЕШЕ ДАДЕН ОТПОР НА СТРАНСКИТЕ АГРЕСОРИ И НА АЛБАНСКИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ. ВО ТАКОВ СЛУЧАЈ И 123 ПРАТЕНИЦИ ДА ИМАШ, ЏАБЕ Е.
ПОТРЕБНИ СЕ ЛУЃЕ НА ДЕЈСТВИЕТО КАКО МИЛЕНКО НЕДЕКОВСКИ. ЛУЃЕ КОИ ЌЕ НОСАТ НАЦИОНАЛНИ ОДЛУКИ И ПРАКТИЧНО ДА ГИ СПРОВЕДУВААТ. ЛУЃЕ КОИ КОГА ЌЕ ГО КАЖАТ ЗБОР И ДАДАТ ВЕТУВАЊЕ, ЌЕ ГО ОСТВАРАТ ПО ЦЕНАТА НА СÈ, ПА АКО САКА И ЗЕМЈАТА ДА СЕ ПРЕВРТИ. ЕТЕ ЗАТОА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ВО НАРОДЕН ФРОНТ ЗА ОДБРАНА НА ТАТКОВИНАТА. НАРОДЕН ФРОНТ НА ДЕЈСТВИЕТО.