Никогаш во Македонија не се граделе три автопати, а во исто време и изградба и реконструкција на повеќе локални и регионални патишта, рече вечерва премиерот Никола Груевски, во своето обраќање во Дневникот на „Сител“.
„За економскиот раст влијаат и проектите за изградба и реконструкција на локални и регионални патишта за што се одвоени 100 милиони евра. Оваа година поголем импулс на раст ќе се добие поради изградбата на трит автопати“, рече Груевски.
Тој нагласи дека овој импулс на градежниот сектор ќе значи и отворање на нови работни места како и развој на повеќе сектори во земјата.
Премиерот напомена дека освен во патната се инвестира и во железничката инфраструктура, односно се реконструира и гради пругата до Бугарија, се реконстрира Коридорот 10, се обновува возниот парк на Железницата за дури 60 отсто.