Властите на 16 европски земји заплениле лекови од нелегалната трговија во вредност од 165 милиони евра во заедничка координирана операција којашто се одвивала од април до октомври минатата 2018 година.
Во операцијата којашто ја воделе француската полиција и финската царинска служба запленети се повеќе од 13 милиони лекови кои се издаваат на рецепт, соопштија во петокот од европската полициска агенција Европол.
Меѓу запленетите супстанции се наоѓале опијати, фармацевстки производи кои се користата за ракот и болестите на срцето, како и лекови за подобрување на разните функции на организмот. Операцијата којашто траела седум месеци довела до 435 апсења и спречила активности на 24 групи во организираниот криминал, тврдат од Европол.
„Злоупотребата на лековите е сериозен и растечки проблем кој треба да го спречиме на ниво на цела Европа. Групите на организираниот криминал повеќе се свртуваат кон оваа криминална сфера, бидејќи овомозможува голема заработка за сторителите и релативно мал ризик од откривања и криминално казнување“, додаваат од европската полициска организација.
Иследните почекале со објавувањето на резултатите од оваа заедничка акција поради „оперативни причини“, појаснуваат од Европол.
.