Во McDonald’s почнуваат вегетаријанска линија McPlant

FILE PHOTO: A sign promoting McDonald's "PLT" burger with a Beyond Meat plant-based patty at one of 28 test restaurant locations in Ontario, Canada October 2, 2019. REUTERS/Moe Doiron

За подобро да одговори на побарувањата на потрошувачите, американскиот гигант во индустријата за брза храна „McDonald’s“ планира да покрене сопствена линија вегетаријански производи под името „McPlant“.

Компанијата веќе тестирала бургер со стек на база на растителни продукти на веганската старт-ап компанија „Beyond Meat“. Сега сакаат да понудат сопствен производ, подготвен исклучиво за „McDonald’s“, на одредени пазари во текот на следната година.

Синџирот ресторани за брза храна не прецизира дали ќе го обнови партнерството со „Beyond Meat“, само наведува дека ќе се обратат до трети производители, како и за другите свои производи.

Линијата „McPlant“ подоцна би можела да се прошири на алтернативно пилешко, прецизирале од „McDonald’s“ во текот на презентацијата пред инвеститорите.

Во оваа сфера во „McDonald’s“ се во мало заостанување во однос на конкурентите, како што се „Burger King“, првиот голем синџир ресторани за брза храна кој од април 2019 година во САД започна да ја нуду вегетаријанската верзија на својот бургер „Whooper.

Во „McDonald’s“ и натаму сметаат на своите водечки производи, како што се „Big Mac“, „McNuggets“ и компирчињата, кои и натаму сочинуваат 70 отсто од прометот на главните светски пазари.

„Побарувачката на познатите производи во овие несигурни времиња беше поголема од кога и да е претходно. Компанијата смета дека овие класични производи и натаму ќе бидат придвижувачи на растот, благодарејќи на нивната популарност и профитабилност“, се нагласува во соопштението од „McDonald’s“.