![meksiko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/meksiko.jpg?resize=630%2C358&ssl=1)
Мексиканските власти го уапсиле еден од водачите на големата криминална организација позната под називот Санта Роса де Лима, во сојузната држава Гуанахуато, соопшти тамошното обвинителство.
„Во текот на заедничка операција беше уапсен Армандо Н. Со прекар ‘Ел Микло’… припадник на криминалната група ‘Санта Роса де Лима’… Во 2017 година тој стана еден од главните соучесници на Хозе Антонио Јепез Ортиз‘Ел Маро’ (водачот на бандата)“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на обвинителството.
Според обвинителите, уапсениот е главниот организатот на бројни напади и убиства. Од своја страна, пак, локалната телевизија Telvisa го нарекува „Ел Микло“ десната рака на водачот на криминалната организација.
За време на истата операција, полициските сили уапсиле уште тројца припаднци на бандата, соопшти федералниот началник за јавна безбедност, Алфонсо Дуразо, според кого уапсен е и таткото на водачот на престапниот клан.
Минатата седмица мексиканските федерални безбедносни сили го уапсиле и извесен Фабијан Н., позант како „Ла Виеха“, високопозициониран „поручник“ во картелот Санта Роса де Лима, во текот на операцијата во Баја Калифорнија.
Мексиканските власти првпат известија за картелот Санта Роса да Лима во 2014 година, кога група за кражба на гориво од нафтоворди била предводена од Давид Р познат како „Ел Гуеро“, тогашен шеф на сегашниот лидер „Ел Маро“.
Според федералните власти, оваа криминална група станала значаен фактор во мексиканското подземје кога на нејзино чело застанал „Ел Маро“ и во октомври 2017 година му објавила војна на еден од најсилните картели во земјата Халиско Нова Генерација за контрола на шверцот од краденото гориво, во ткн „Бермудски триаголник“ во неколку области низ кои минуваат цефководите на државната компанија „Pаmex“, како и во криминалите дејности со продажба на дроги, киднапирања и изнуди.
Картелот е именуван по заедницата Станте Роса де Лима, во општината Виљагран во државата Гуанахуато, место од каде што потекнуваат членовите на злосторничката организација. Според истрагите на федералната полиција, блискиот круг на „Ел Маро“ го сочинуваат 14 лица, меѓу кои и неговата сестра, којашто наводно е одговорна за криминалните активности на кланот во областа Селаја. Со финансиите и перењето пари на картелот, пак, управуваат чичковците на „Ел Маро“, како високопозициониран во бандата полицијата го споменува и Сантијаго Г познат како „Ел Бачича“, сопруг на сестрата на водачот.
Самиот Хозе Антониот Јепез Ортиз „Ел Маро“, според полициските досиеја, ја започнал својата криминална кариера во 2010 година, кога бил задолежен во картелот за контрола на пазарот со наркотици и грабежи. Подоцна картелот под негово водство ја презема контролата врз тајните пунктови од кои се краде горивото и потоа се продава на црниот пазар.
Во април минатата 2019 година во мексиканските медиуми се појавија информациите дека картелот Санта Роса де Лима, како и другите криминални организации, испратил смртни закани за претседателот на државата Андрес Мануел Лопез Орбадор. Тогаш припадници на картелот поставиле големи транспаренти на мостот во градот Зелаја, во државата Гианахуато. Со нив лидерот на картелот познат како „Ел Маро“ барал од шефот на државата да ја прекине специјалната операција во регионто насочена против мафијата чијашто „специјалност“ е крадење нафта од цефководите. Во спротив, се закануваше со „големи проблеми и насилства“.
Потоа, ланскиот октомври на интернет беше поставено видео со 60 тешко вооружени припадници на картелот како упатуваат закани за водачите на ривалскиот Халиско Нова Генерација картел. Тоа довело до големи
Последните години Мексико повторно е заплиснато од бран насилства, предизвикан во прв ред од меѓусебните борби за превласт над криумчарките канали меѓу нарко-картелите. Годините 2018-ма и 2019-та станаа најлошите во историјата на земјата, според бројот на убиствата кои се проценуваат на повеќе десетици илјади.