Во Мексико во 2021 година биле убиени над илјада жени

Во Мексико, каде стапката на убиства на жени е меѓу највисоките во Латинска Америка, во 2021 година биле убиени 1.004 жени.

Во извештајот на Националниот секретаријат на системот за јавна безбедност се наведува дека од 1 јануари до 31 декември 2021 година, 1.004 жени загинале како последица на насилство во Мексико, јави Анадолија.

Ова е највисока бројка од 2015 година, а истакнато е дека насилството и покрај судските постапки и високите казни, од година во година е во пораст.

Во извештајот се наведува дека во земјата во 2020 година биле убиени 978 жени.

Пандемијата на коронавирусот и изолацијата дома го направија животот уште потежок на жените кои се жртви на насилство.