
Припадници на мексиканската армија открија и запленија околу 1,5 тони синтетичка дрога метамфетамин и 149 килограми фенталин во прав на контролниот пункт во северната погранична сојузна држава Сонора, соопшти армијата, пренесува АП.
Дрогата е пронајдена откако Министерството за одбрана добило информација дека камион што превезувал концентрат од овошен сок во прав до пограничниот град Тихуана превезувал и дрога.
Мексиканските картели често им даваат на властите информации за пратките на дрога во сопственост на ривалски банди, наведува АП.