-Египќаните како лојална етничка заедница, која се карактеризира како мирољубива, работлива и посветена етничка заедница, автохтона , автентична и посебна о мултиетничкиот карактер на државата Македонија, својата надеж за соодветна институционална интеграција ја има во мандатарот и иден премиер, Проф.Д-р Христијан Мицкоски. Египќаните имаат образован кадар кој дипломирал на државните универзитети во државата, но за жал, не се ниту правично , ниту соодветно застапени во институциите на системот, вели во соопштение дипл.правник Демир Далип, лидер на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.
-Токму затоа, Египќаните се убедливо најмаргинализираната и најобесправената етничка заедница во Македонија. А, како лојална етничка заедница сакаме да дадеме свој придонес во развојот на нашата заедничка татковина Македонија. Тој феномен на маргинализација и дискриминација на помалите етнички заедници во суштина го руши и основот на една унитарна Македонија. Египќаните се вложуваат во реализирање на начелото на рамноправност и еднаквост, како и на фер шанса за сите граѓани во насока на нивно интегрирање во системот. Таков систем поддржува и промовира мандатарот и иден премиер, проф.д-р Христијан Мицкоски, посочува Далип.
-Долг временски период, уште од 2016, а и пред тоа, НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ има потпишано Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ, а исто така има одлична соработка и комуникација со лидерот проф.д-р Христијан Мицкоски. НГИ „,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ беше првата која повика за поддршка на листите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ како и на кандидатката за претседател од редовите на ВМРО ДПМНЕ, проф.д-р Гордана Сиљаноска Давкова. Токму затоа и положуваме најголеми надежи и можеби последна надеж за институционална интеграција на Египќаните во идниот премиер, проф.д-р Христијан Мицкоски, со кого сакам да нотирам дека имаме одлична соработка и конзистентна комуникација, вели лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.