Во моментов целата планета е во неволја, смета Фаучи

Главниот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, за канадскиот ТВ канал Си-Би-Ес Нуз изјави дека ковид-19 првенствено се шири во домаќинствата, меѓу помали групи на луѓе.

Според него, тестирањата за асимптоматско ширење на болеста и продолжувањето со практикувањето на основните превентивни мерки, како што се миење на рацете, физичко растојание и носење маски, и натаму се клучни за спречување на ширењето на вирусот ширум светот.

Еден од најголемите светски експерти за заразни болести смета дека и покрај првичните успеси во контролата на пандемијата, Канада, исто така, сега се соочува со влошување на состојбата.

– Во моментов целата планета е во неволја – рече Фаучи.

– Европската Унија, ако погледнете во бројот на нови инфекции, е надвор од контрола. САД се целосно надвор. Канада, на која, наводно, добро и одеше, сега, исто така, се наоѓа во неволја – рече Фаучи.

Тој во интервјуто кажа  дека вирусот се шири првенствено на „ниво на домаќинството“ кај помалите групи луѓе кои можеби дури и не знаат дека се заразени и предупредува дека ова е нешто на што треба да се внимава, особено кога се ближат празниците и постудените месеци.

– Ако само ги тестирате луѓето кои покажуваат симптоми, ќе се пропушти ширењето на инфекцијата во заедницата – предупреди тој.

Фаучи вели дека е изненаден од резултатите од раните испитувања на вакцините на „Фајзер„ и „Модерна“, кои покажаа ефикасност од над 90 проценти, но тврди дека се уште не е време за славење.

– Иако сè уште не се знае дали вакцините ќе обезбедат долгорочен имунитет на ковид-19, зачудува фактот што вакцината на „Модерна“ спречи сериозни болести кај учесниците во третата фаза – рече Фаучи.

Тој се надева дека до средината на 2012 година луѓето ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, но истакна дека земјите дотогаш не можат да ги напуштат мерките за јавно здравје.