Три лица загинале а уште петмина се повредени во несрежите предизвикани од монсунските дождови и силните ветрови на Филипини, соопштија во неделата тамошните власти.
Близу 25.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови поради поплави и одрони во текот на повеќедневните непрестајни дождови оваа седмица, соопшти филипинската државна агенција за катастрофи.
Марк Тимбал, портпарол на националната агенција за катастрофи, изајви дека од минатата седмица, кога тајфунот Ин-Фа го разори северот на Филипини, а од последниците на невремето се погодени вкупно 83.493 луѓе, според податоците на владата.
Тајфунот Ин-Фа го засили монсунот од југозападен правец кој донел дождови на северните покраини и главниот државен регион Метро Манила.
Тајфунот е следен со максимални ветрови со брзина од 140 километри на час и налети до 170 километри на час, додека во саботата се преместувал од Филипини, објави метеоролошката агенција. Од таму предупредија на раширени поплави и одрони предизвикани од монсунските дождови.