Во московското метро се плаќа со компјутерско препознавање на лицата

Патувањето во подземната железница на руската престолнина ќе биде отсега поедноставно, со покажување на лицето, барем за оние кои се пријавиле за плаќање на билетот со помош на системот за препознавање лица.

Со помош на апликацијата MosMetro патниците сега може да се регистрираат за овој бесконтактен начин на плаќањње со помош на фотографија на лицето и платежната картица. Повеќе од 25.000 луѓе веќе ја користеле оваа можност првиот ден во саботата, објави јавното транспортно претпријатие на Москва.

„Нашите очекувања се надминати. За да се влезе во метроото, на патниците не им се потребни картичка или паметен телефон, само мораат да погледнат во камерата на влезот“, објасни Максим Ликсутов, заменик на московскиот градоначалникот задолжен за сообраќајот.

Технологијата којашто беше критикувана од некои опозициски активисти беше тестирана на почетокот од годинава. Системот работи во моментов на повеќе од 240 метро станици во најголемата европска метропола.

За да го користат, патниците мора да депониаат своја фотографија, платежна картичка и билет-картичка за патувања со воз и автобус во јавниот транспорт и да ги поврзат со апликацијата за метрото.

„Москва е првиот град на светот во кој системот функционира во оваа мера“, додаде Ликсутов.

Се очекува дека овој начин на плаќање, наречен Face Pay, во следните две до три години ќе го користат 10 до 15 отсто од големата фреквенција на патниците со подземната железница во Моска. Сигурен е од опади и може да се користи дури и кога носите маска за лица, велат властите.

Покрај тоа, се истакнува и безбедносната природа на овој систем, по повеќето смртоносни напади во подземните железници во Москва и Санкт Петербург, но и во европските метрополил. Очекувано, независните активистички организаци финансирани од странство, како Роскомсвобода, од друга страна, предупредија дека „тврдењата за бебзедноста на системот се доста сомнителни“ и дека „личните податоци би можело да завршат и во рацете на безбедносни служби“.