Во Москва измерена највисоката температура за 23-ти декември, се очекуваат нови рекорди

Температурата на воздухот во руската престолнина Москва во понеделникот со плус 6,2 Целзиусови степени го собори рекордот за декември во 71 година, изјави за агенцијата РИА водечкиот специјалист на метеоролошкиот центар „Фобос“, Александар Синенков.

Досега за 23-ти декември рекордниот максимум во Москва беше постигнат на овој датум во 2015 година, кога во руската престолнина температурата достигна 5,9 Целзиусови степени.

Во понеделникот уште во 9 часот утрото температурата достигнала 4,5 степени.

Директорот на Хирдометеоролошкиот центар на Русија, Романн Вилфанд, рекол дека и рекордните вредности за 24-ти и 25-ти декември, исто така, се регистрирани во 2015 година, од 9,3 односно 4,1 степени.

Според него, деновиве ќе бидат надминати и овие рекорди, а потоа ќе има само мало паѓање на температурите.