Првиот бордел со кукли роботи е отворен во Москва воочи Светското првенство во фудбал, кое започнува на 14 јуни во Русија, а сопствениците се надеваат дека со оваа инвестиција ќе привлечат орди на навивачи, па дури и фудбалери.
Хотелот „Долс“ се наоѓа во бизнис-областа на Москва, а гостите можат да избираат повеќе кукли по име Лолита, Саша и Исилел… Собите во „легалниот бордел“ чинат помеѓу 17 и 34 евра од час. Но во цената не е вклучена куклата за секс. Вкупната цена по плаќањето на куклата се зголемува на 68 евра од час, но сопствениците се уверени дека навивачите ќе бидат волни да потрошат толку пари.
Навистина очекуваме навалица за време на шампионатот и се надеваме дека ќе дојдат многу странски туристи. Затоа сега чекаме посебна дозвола да можеме да угостиме странци. Што се однесува до фудбалерите, ако им дозволуваат тренерите и менаџерите, вратите се отворени за нив, изјавија од ПР службата на борделот.
Куклите, односно роботите за секс, се опишани како „жешки“ со механички движења и вградена интелигенција. Гостите во овој бордел може да изберат кукла врз основа на лични карактеристики, како што е Лолита која е опишана како ненаситна и секогаш подготвен на се, или Наташа, која е олицетворение на женственост и нежност, бидејќи е послушна и срамежлива, а има и убава насмевка.
Еден од клиентите кои веќе имале секс со робот вели дека навивачите ќе бидат импресионирани.
Куклите се многу реалистични, никогаш не би помислил. И оргазмот е посилен и подолг отколку со вистинска жена. Единствено што треба е да користите многу лубрикант – рече Денис.
Сопственикот на хотелот, Дмитриј Александров, тврди дека 36 отсто од Русите не се задоволни со нивниот сексуален живот.
Овој вид на секс е од голема помош за луѓето со ментални нарушувања. Во Шпанија, на пример, 30 проценти од клиентите се луѓе со ментални или психолошки проблеми. По секој клиент, куклата поминува низ целосен третман за дезинфекција во согласност со меѓународните стандарди, вели сопственикот.
Тој гарантира дека клиентите не може да се заразат во сексуално преносливи болести во неговиот бордел.
Некои мажи едноставно не можат да го подобрат својот сексуален живот со својот партнер, што доведува до трајно незадоволство, и на крајот може да се развие некоја форма на агресија. Проблемот може да го реши професионална девојка која е подготвено да го слуша и да ги исполни неговите сексуални фантазии во замена за пари, рече Александров.