Во мотоциклистичка несреќа загина американскиот скијач Гасиенца

Познатиот американски ски-скокач Патрик Гасиенца почина на 24-годишна возраст по сообраќајка со неговиот мотор.

Момчето кое ја претставуваше САД на Олимписките игри во Пекинг беше еден од најдобрите во тој спорт.

„Немам зборови. Патрик беше неверојатна личност. Пример за сите нас, почивај во мир“, кажа негов колега од репрезентацијата.