Во најава ново двонеделно примирје за Хамас да ги ослободи заложниците

Американскиoт весник The Washington Post  објави нови детали за преговорите за ослободување на израелските заложници кои ги држи терористичката организација Хамас по нападот на 7-ми октомври.

„Израелските власти размислуваат за продолжен прекин на огнот, кој можеби ќе трае две недели, за да му се дозволи на Хамас да ги собере сите заложници и да ги предаде на безбедно“, напиша Дејвид Игнатиус за The Washington Post

Како услов за договорот, како што е напишано во The Washington Post, „Израел, исто така, треба да ги повлече своите сили, особено на север, по завршувањето на овој прекин на огнот“.

„Еден проблем што не е решен“, додаде Игнатиус, „составот на безбедносните сили кои ќе го одржуваат редот во Газа штом израелските трупи ќе почнат да се повлекуваат“.

По еднонеделните извештаи дека шефовите на Мосад, ЦИА и владата на Катар се состанувале за да постигнат нов договор, израелскиот претседател Исак Херцог во вторникот изјави „Израел е подготвен за уште една хуманитарна пауза и дополнителна хуманитарна помош за да се овозможи ослободување на заложниците. Одговорноста е целосно на Синвар и раководството на Хамас.

Ова го повтори и израелскиот амбасадор во Соединетите држави, Мајкл Херцог, за време на интервјуто за Си-Ен-Ен, велејќи дека Хамас досега одбиваше договор, бидејќи терористичката група се труди за траен прекин на огнот. Претставникот на Ерусалим во Вашингтон повтори дека Израел е подготвен да ги прекине борбите за да ослободи што е можно повеќе заложници.