Во најголемиот масакр во историјата на Канада најмалку 18 мртви, мотивот сѐ уште нејасен

Истрагата за најголемиот масакр во историјата на Канада, за кој премиерот Џастин Трудо рече дека претставува „трагедија“ во која се убиени најмалку 18 лица во покраината Нова Шкотска, и за што мотивот сѐ уште не е познат, може да биде заплетката додека во јавноста излегуваат првите информации за осомничениот за нападот.

„Вооружен маж одзема животи на најмалку 18 луѓе викендов. Оваа трагедија не смееше да се случи. Нема место за насилството во нашата земја“, изјави премиерот Трудо на дневната прес-конференција посветена на состојбата со коронавирусот.

Трудо рече и дека „виртуелната“ почест на жртвите ќе им биде одадена во петок во 19 часот по локално време на Facebook и тои „тоа ќе биде можност да го прославиме животот на жртвите и да бидеме крај нивните семејства и пријатели“.

Причините за ваквото крвопролевање и по два дена се непознати, во земјата во која масовните пукања се многу ретки.

Иследниците на канадската сојузна полиција се обидуваат да ги утврдат околностите и мотивите кои Гебриел Вортман, 51-годишен забен техничар во малиот град Портапик во Нова Шкотска, го натерале од сѐ уште непознати прилини да убие најмалку 18 лица од саботата вечерта до неделата утрото.

Полицијата го застрелала во неделата претпалднето по локално време во близина на бензинска станциа крај Халифакс, главниот град на Нова Шкоска, по крвавиот поход на патот долг 100 километри кој траел повеќе од 12 часа.

Жртвите се убиени на неколку локации. Канадските медиуми почнаа да ги истражуваат нивните идентитети. Покрај полицајката Хајди Стивенсон, меѓу жртвите се и медицинска сестра, учителка и повеќе родители со деца.