Војна меѓу Израел и Либан ќе значи целосна катастрофа, предупреди шефот на ОН од Давос

Целосна конфронтација меѓу Израел и Либан би била „тотална катастрофа“ поради опасност од уште поширока војна, предупреди денеска шефот на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Во обраќањето на Светскиот економски форум во швајцарското алпско одморалиште Давос, Гутереш го повтори својот повик за „итен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа.

Борбите ја опустошија Газа по невидените напади на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Оттогаш, на либанско-израелската граница речиси секојдневно доаѓа до размена на оган меѓу израелската армија и либанското шиитско движење Хезболах, сојузник на Хамас.

– Прелевањето што веќе се случува, ризикот од целосна конфронтација во Либан, тоа би било тотална катастрофа. Треба да го избегнеме по секоја цена – рече Гутереш.

Јеменските бунтовници Хути, исто така, напаѓаат бродови поврзаин со Израел во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Шефот на Обединетите нации посочи дека прекинот на огнот ќе помогне да се избегне понатамошен хаос на Блискиот Исток кој ја загрозува безбедноста на целиот свет.