Во Национални шуми се издавани испратници за исечено дрво без регистар, сметководствена евиденција и контрола

Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие. Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е прептријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот. Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година изготвен во 2023 година констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола, посочи на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа. Со СДС и ДУИ во Национални шуми ова претпријатие дошло до состојба да нема плати да се поделат на вработените.

Неспособноста заврши со нив. 100% одговорно за твојата иднина, рече Петрушевски.