Ајфон целосно направен од стакло е долгогодишен сон на дизајнерите на Епл, предводени од Џони Ајв, и тоа можеби конечно е на дофат.
Меѓутоа, за тоа да се оствари, потребно е да се создаде стакло доволно софистицирано за од сe’ тоа да може да се направи цело куќиште на „паметен телефон“. На тој уред нема да има физички копчиња, отвори, врски меѓу различните материјали и слични „недостатоци“ во елегантниот надворешен изглед.
Најверојатно Епл е блиску до изработка на такво флексибилно стакло, во кое би бил сместен еластичен екран, а пак, за останатите електронски делови има неколку предложени начини да бидат прицврстени внатре.
Но, иако Епл веќе го има патентот за новата технологија, тоа не мора да значи дека ќе го примени на свој уред.