Во налет на автомобил тешко повредена жена во Охрид

Во саботата околу 13  часот во Охрид на булеварот „Туристичка“, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Д.Ј. од Гостивар, удрило во 67-годишната С.Ш. од Охрид.

По несреќата, С.Ш. била пренесена во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.