Напаѓачот на холандската фудбалска репрезентација и португалскиот прволигаш Спортинг од Лисабон, Бас Дост се здобил со повреди на главата во нападот на педесетина маскирани хулигани коишто упаднале на тренинг на екипата и вооружени со палки ги нападнале играчите и стручното водство на клубот, а македонскиот интернационалец Стефан Ристовски е во добра состојба.
Дост се здобил со расекотина на главата, додека повреди претрпеле и помошните тренери Марио Мантеиро и Раул Хозе.
Спортинг првенството го заврши на третото место со десет бодови помалку од првакот Порто., односно три помалку од втората Бенфика, но може сезоната да ја заврши со трофеј бидејќи во недела го игра финалето на Купот против Авес.
Спортинг го испушти второто место и пласманот во Лигата на шампионите минатиотвикенд откако со почетничката грешка на Патрисио загуби со 1:2 лак Маритимо, дозволувајќи му на лутиот ривал Бенфика да го мине во борбата за втората позиција.
Настаните во вторникот во тренинг центарот во Алканоте, 20 километри јужно од Лисабон, е продолжение на турбулентната сезона за Спортинг. Минатиот месец претседателот на клубот Бруно де Карваљо ги суспендираше 19 членови на првиот тим поради објави на социјалните медиуми.