Најмалку 42 лица се убиени а уште осум други се тешко ранети во напад врз средно училиште на западот на Уганда, а сомневањата на властите во саботата се насочени кон бунтовниците.
Функционер на покраинската влада за германската новинска агенција DPA рекол дека во нападот, исто така, се грабнати 15 деца.
Сојузничките демократски сили (ADF), паравојска поврзана со џихадистичката групација Исламска држава, се обвинети за нападот кој се случил во петокот ноќта во градот Мпондве, близи границата со Демократска Република Конго.
Угандската војска соопшти дека води потрага по милитантите и дека ќе возврати.
Групата ADF и други конгоански паравојски со години изведуваат напади во пограничната областа на двете источноафрикански земји.
Овие ткн Сојузнички демократски сили тврдат дека се борат за правата на муслиманите коишто наводно владата во Уганда сѐ повеќе ги туркала на маргините на општеството. Прокламираната цел на овие групации е да се собори владата во угандската престолнина Кампала.
Сепак, најмогу во нападите на исламистичките групации гинат цивили. Најголемиот напад што го изврши ADF беше врз универзитетскиот кампус во погранична област во 1998 година, кога беа убиени 80 студенти.