Во напад во централната држава Плато во Нигерија, каде што судирите меѓу сточарите и фармерите се вообичаени, загинаа 16 лица, објави во неделата новинската агенција AFP, повикувајќи се на нигериската војска.
Нападот се случил во селото Мушу, пренесува AFP во објава на социјалната мрежа Х. Нигериската војска не одговорила веднаш на барањето на Rreuters за коментар.
Плато е една од неколкуте етнички и религиозно шаренолики држави во заднината позната како Нигериски среден појас, кадеконфликтите меѓу зедниците однесоа стотици животи во последниве години. Во мај, повеќе од 100 луѓе беа убиени во борбите меѓу земјоделците и сточарите во државата Плато.
Насилството често се опишува како етно-религиозен конфликт меѓу муслиманските сточари и претежно христијанските фармери.