Во напад врз владина зграда во Авганистан најмалку девет мртви

Најмалку девет лица се убиени во неделата во симултани напади на вооружени мажи врз службена зграда во Џалалабад, на истокот од Авганистан.

Нападот започнал кон пладне со експлозија на автомобил бомба пред влез во зградата на финансиската управа на градот. Тоа „им отвори пат на вооружените мажи“, изјави портпаролот на гувернерот на покраината Нангахар, којашто граничи со Пакистан.

Престрашените службениците се дале во бегство додека безбедносните сили им се спротистувале на напаѓачите подолго од четири часа. Сите четворица напаѓачи се убиени.

Директорот на финансискиот сектор изјавил дека сите службеници биле евакуирани. „За жал загубивме три членови на персоналот. Убиени се во експлозијата на влезот“, рекол.

Засега ниедна милитантна групација којашто дејствува во покраината не ја презема одговорноста за нападот.

Телото на еден полицаец и осум цивили, меѓу кои и едно дете, се префрлени во болницата во Џалалабад, рекол шефот на здравствената служба на градот. Притоа додал дека 36 лица се ранети.