Членови на исламистичката групација Боко Харам запалија шест сел во североисточна Нигерија и убија 37 лица во близина на нивното засолниште во шумата Самбис.
Ахмед Аџими, кој успеал да побегне изјави дека нападот се случил во средата вечерта.
Според него убиени се селани, кои неодамна се вратиле во своите домови, откако на почетокот на годината војниците го протерале од таа област, пренесува МИА.
Повеќе од 700 заложници, повеќето жени и деца, наводно се ослободени во нападите на војската на Самбис, која Боко Харам изминатите неколку години ја користи како база.