Во нападите врз руски Белгород ангажирани се и Полјаци

Во нападите во руската погранична Белгородска област учествуваат и полски платеници, известија во неделата полските медиуми.

На страната на украинската војска се бори и „Полскиот доброволечки корпус“, известија интернет порталите Polsatnews.pl и Wprost.pl, повикувајќи се на пораки на споменатата досега непозната групација на социјалната мрежа Telegram и на видеото кое наводно покажува платеници на пат кон Белгород, кој се наоѓа непосредно до границата со Украина и каде од крајот на мај имаше неколку обиди за упади на украински диверзантски групации на руска територија.

Според Polsatnews.pl, „Полскиот доброволечки одред“ би основан во февруари годинава и во почетокот се борел на страна на украинската војска како независна единица исклучиво од Полска. Полските платеници, вклучително и редовни војници, кои наводно даваат отказ во полската армија и војуваат во Украина, се најбројните во ткн Странскиот легион и соодветно имаат и најголем број жртви. Според порталот кој не наведува колку Полјаци учествувале во нападите во Белгород, наводно во меѓувреме полската едници почнала да соработува со ткн „Руски доброволечки одред“. Овие единици, според снимките кои ги објави руската армија, се обучувани од западни инструктори и вооружени со американско оружје и борбени оклопни возила, вклучително и со тенкови.

Агенцијата Reuters забележува дека објавата на Telegram подоцна била избришана по неколку часа.

Полските платеници во Украина немаат никаква врска со официјална Варшава, изјави подоцна во неделата Станислав Жарин, портпаролот на полскиот министер за координатор на специјалните служби.

Истовремено чеченскиот водач Рамзан Кадиров предложи за испраќање на чеченските специјалци за борба со украинските диверзанти кои се обидуваат да продрат во Белгородската област, односно ткн „Руски доброволечки корпус“ кој наводно е составен до „руски партизани“ кои се противат против рускиот претседател Владимир Путин а во Москва некои од нив се идентификувани како избегани припадници на неонацистички групации.

Кадиров во пораката истакнува дека за ликвидација на диверзантите на руска територија без да се наштети на цивилите и инфраструктурата, не е потребно само воено борбено искуство, туку и антитерористичко. Притоа потсетува дека чеченските борци веќе ја исчистиле сопствената република од бандите кои ги тероризирале и руралните и урбаните област.

Чеченските борци учествувале во „ослободувањето“ на речиси 40 населени места во областите Луганск и Доњецк во југоисточна Украина, вклучително и во пристанишниот град Мариупол пролетта 2022-ра, кога се соочила со „побројните украински сили“.

„Тука се и полковите и баталјоните на Руската национална гарда, на Министерството за одбрана и, особено, Специјалниот полициски полк „Херојот на Русија А.А. Кадиров“ на министерството за внатрешни работи на Чеченската Република, предводен од Херојот на Русија, командантот Замид Чалаев“, напиша Кадиров на Telegram.

Кадиров потсетува дека повеќе од 70.000 Чеченци се на служба во разни безбедносни единици и нагласува дека сите се обучени во рускиот Универзитет за специјалните сили. Според чеченскиот челник, овие борци се снабдени со најново технолошко оружје и без проблеми се подготвени да ја исполната наредбата на Врховниот командан за заштит ан Русија и нејзините граѓани.

„Полскиот доброволечки корпус опишан во медиумите на ниту еден начин не е поврзани со полските вооружени сили или со некоја полска институција“, напиша Жарин а Twitter додавајќи дека дејствијата на тие лица во Украина не треба да се поврзуваат со властите во Варшава.