Во нападот на универзитетскиот кампус во Кабул 19 убиени, ликвидирани тројцата напаѓачи

Најмалку 19 лица се убиени а околу дваесеттина други се ранети кога тешко вооружени напаѓачи упаднаа во понеделникот во кампусот на универзитетот во авганистанската престолнина Кабул, во нападот кој завшри по повеќечасовна борба со безбедоносните сили во кои убиени се и тројцата напаѓачи.

На нападот, според очевидци, му претходела експлозија во близина на кампусот, по што тројца напаѓачи, од кои еден имал на себе ткн самоубиствен елек со експолозив, продреле во универзитетскиот кампус во главниот град на Авганистан во понеделникот утрото. Нападот започнал кога владини функционери пристигнувале за отворање на саемот на ирански книги организиран во кампусот.

Судирот меѓу напаѓачите и безбедносните сили во најголемиот универзитет во земјата траел повеќе часови, потврди авганистанското министерство за внатрешни работи.

„Учествуваа тројца напаѓачи. Еден веднаш активираше експлозив кој го носел на себе, а двајцата се убиени во престрелката со безбедносните сили. Нападот е запрен, но за жал 19 луѓе се убиени и 22 се ранети“, прецизирал за AFP портпаролот на министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан.

Портпаролот на кабулската полиција, Фердавс Фарамез, за AFP рекол дека повеќето од убиените цивили се студенти.

Стотици луѓе започнале да бегаат, а некои од ниви се обидувале да се искачат на ѕиданата ограда на кампусот за да избегаат од куршумите кои летале на сите страни. Авганистанските безбедносни сили потоа го опколиле секторот, затворајќи ги сите приоди кон универзитетот, рекле очевидци.

Талибаните и нивните борци веднаш соопштија дека не стојат зад овој напад, а досега за него ниедна група, вклучително и џихадистичката ултраиортодоксна сунитска групација Исламска држава, не ја презема одговорноста.

Минатата седмица во повторен напад врз образовен центар во Кабул беа убиени 24 луѓе, главно студенти, за кој одговорноста ѝ се припишува на Исламската држава. Во 2018 година бомбаш самоубиец уби десетици лица, повеќето тинејџери, исто така пред Универзитетот во Кабул, кога одговорноста ја преземаа џихадистите од Исламската држава.

Насилството и натаму го погаѓа Авганистан додека владата во Кабул и талибанските преговарала во Катар се состануваат за да постигната мировен договор кој ќе резултира со повлекување на странските трупи од земјата.