Во нападот во Кабул 43 загинати

Бројот на загинатите во вчерашниот напад на екстремистие врз објекти на авганистанската влада во престолнината Кабул се искачи на 43 жртви, објавија властите во вторникот.

Во нападот, исто така, ранети се уште 25 луѓе, соопшти авганистанското министерство за здравство. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими, претходно објави дека се убиени тројца напаѓачи. Во текот на операцијата на безбедносните сили биле спасени вкупно 357 лица, додал. Според него, голем број вооружени лица влегле во комплексот во кој се наоѓаат Министерството за јавни работи и канцеларијата на Министерството за труд, социјални работи, маченици и инвалиди.

Првиот човек на авганистанската влада Абдулах Абдулах индиректно ги обвини талибаните за нападот, велејќи дека „талибанската криминална група мора да знае дека секој напад кој ќе го стори против нашите луѓе ја јакне нашата решителност да ги елиминираме“. Но засега ниедна екстремна организација или групација којашто е активна на територијата на Авганистан не ја презема одговорноста.

Нападот траеше најмалку осум часа и започна со експлозија на автомобил бомба, по што следел оган од автоамтско оружје. Напаѓачите потоа почнале да влегуваат во владините објекти и да земаат заложници, според министерството за внатрешни работи.
Мба
Нападот од понеделникот е најголемиот во главниот град Кабул по оно од 28-ми ноември, кога талибаните ја преземаа одговорноста за активирањето автомобил бомба пред седиштето на британската безбедносна фирма G4S, кога загинаа најмалку десет лица. Инаку, ова е 22-от напад изведен во авганистанската престолнина од јануари годинава, во кои загинаа 550 луѓе, а ранети се повеќе од илјада.