Во Наполи гневни по судењето на дербито со Интер

Се чувствуваме ограбени, тоа е единственото нешто што може да се каже по вакво судење, изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис по домашниот пораз во италијанскиот фудбалски шампионат од Интер.

Клубот од Милано славеше во Неапол со убедливи 3:0 со што го потврди првото место на табелата. Интер има 35 бодови, Јувентус 33, Милан 29, додека Наполи моментално е на петтото место и има дури единаесет бодови помалку од Интер.

„Судијата Давиде Маса немаше своја вечер. Тој направи неколку клучни грешки и сите беа на наша штета. Тоа влијаеше на резултатот“, изјави првиот човек на Наполи и воедно ги повика челниците на италијанскиот фудбал и судиската комисија да реагираат на случувањата на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Воедно, Де Лаурентис му забрани на новиот тренер на неговиот тим Валтер Мацари воопшто да се појавува пред новинарите, бидејќи, според него, новиот тренер на клубот од Неапол бил уште полут од него по судењето на дерби натпреварот.