Во населба Драчево изградени 3.340 метри фекална и атмосферска канализација

Општина Кисела Вода во изминатиот четири годишен период инвестираше во изградба на прифаќање на отпадни води, како изградба на фекални мрежи, така и на изградба на атмосферски мрежи се со цел за подобрување на подземната инфраструктура која беше неопходна во населба Драчево.

За таа цел, во населбата Драчево беше изведена фекална канализација на следните улици: На ул. Румена Хаџипанзова, со должина 418м. Проект вреден 2.299.769,00 денари, на ул. Малешевска 1, со должина 1473м, со вкупна цена 10.384.370,00 денари, изведба на фекална канализација на ул. Румена Хаџипанзова крак 10, со должина 135м, со вкупна цена 765.439,00 денари

Од капиталните проекти на Општина Кисела Вода, во поглед на изградба на атмосферска канализација треба да се издвои изградбата на примарната атмосферска мрежа на дел од улицата „Жарко Зрењанин“ и дел од улицата „Коперникова3. Проектот беше реализаиран во три фази, од кои втората и третата се реализаираа во последните четири години. втората фаза опфати поставување на армирано бетонски цевки во вкупна должина од 395 метри а беа поставени и сливници. Изведбата на втората фаза од проектот чинеше 3.6 милиони денари.

Финализацијата на решавањето на проблемот со атмосферските води на жителите од улицата „Жарко Зрењанин“, се доби со изградбата на третата фаза, кога на истата улица беше поставена атмосферска мрежа во должина од 305 метри, за што повторно беа издвоени 6.5 милиони денари.

Атмосферска канализација беше изградена и на улица “Живко Фирфов” со должина 714 метри, а нејзиното поставување чинеше 9.947.735,00 нари.