Камен темелник на повеќенаменско спортско игралиште ќе биде ставен утре во населбата Даме Груев, Општина Ѓорче Петров.
Ова е дел од проектот на Владата на РМ и Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски игралишта.
Локацијата на игралиштето е на ул.„Арсен Мицков“, а на настанот ќе присуствуваат Претседателот на Собрание на РМ Трајко Вељановски, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митрески и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Ги покануваме сите печатени и електронски медиуми да го пропратат настанот.