Ситуацијата во Сирија се враќа во мировниот канал – има само изолирани места на тензии. Тоа го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Труд“.
„Војната во Сирија е навистина завршена. Земјата постепено се враќа во нормален, мирен живот. Одделни тензии се уште постојат само на територии што не се под контрола на сириската влада како што се Идлиб и источниот брег на реката Еуфрат”, рече Лавров.
Во овој контекст, тоа што е најважно денес е „да и се обезбеди на Сирија сеопфатна хуманитарна помош и да се придвижи напред со политички процес насочен кон решавање на кризата со цел да се постигне сигурна и трајна стабилизација во земјата, како и во регионот на Блискиот исток како целина“.
Според Москва, формирањето и активирањето на комитетот за развој на уставните реформи ќе биде важна пресвртница во спроведувањето на тој „политички процес што го водат и спроведуваат самите Сиријци со помош на ОН“.
Ова „ќе им овозможи на страните во Сирија – владата и опозицијата – за првпат да почнат директен дијалог за иднината на нивната земја“, додаде првиот руски дипломат.