Во НАТО предвидуваат „поголема“ и „покрвава“ втора фаза од конфликтот во Украина

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Дан Џоана, тврдеше во вторникот дека војната во Украина наскоро ќе влезе во втора фаза, којашто ќе биде поголема и покрвава.

„Сѐ укажува на тоа дека наскоро ќе влеземе во втората фаза од оваа војна, многу покрвава. Влегуваме во втората етапа, посложена, по карактер поинаква од првата фаза, на многу поширока територија, и на истокот во Донбас, и на југот кон Крим и Мариупол. Според нашите процени, влегуваме во втората фаза, уште потешка, од оваа војна којашто се чини дека се одолговлекува“, рече Џоана за телевизискиот канал Digi 24.

Челникот на НАТО изрази недеж дека конфронтацијата меѓу двете земји нема да продолжи во подолг период, но смета дека за тоа се мали шансите. Џоана, исто така, стравува дека има нови загуби меѓу цивилното население во Украина.

Последните денови неколку високопозиционирани претставници на западните колективни организации имаа слични изјави во кои зборуваа за проширување и продолжување на војната во Украина.

Така, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, твитна дека „оваа војна мора да се добие на бојното поле“, што предизвика остра критика од рускиот министер за наворешни работи, Сергеј Лавров, кој ја оцени како „невообичаена“ дипломатска практика. Пред извесен период американскиот претседател Џо Бајден предвиде дека овој конфликт би можел да трае со години.