Сојузниците во НАТО се загрижено поради „брзото и нетранспарентно“ воено јакнење на Кина и нејзината соработка со Русија во одбранбената сфера, па затоа во средата разговараа за конкретни начини на решавање на предизвиците коишто ги поставува Пекинг, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Членките на нашиот сојуз и натаму се загрижени од политиката на присила на Кина, со користењето дезинформации, брзото, нетранспаретно јакнење на војската, вклучително соработката со Русија“, рече Блинкен на прес-конференцијата по дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите од НАТО во Букурешт.
„Меѓутоа, исто така, останува доследни на одржувањето конструктивен дијалог со Кина, во секоја сфера во која можеме и ги поздравуваме можностите за заедничка работа на заедничките предизвици“, додаде првиот американски дипломат.
Блинкен рече и додека НАТО и натаму е фокусиран на одржување на обединетата поддршка за Украина, земјите членки, исто така, сакаат да ја зајакнат отпорноста на Алијансата со разгледување на новите предизвици, вклучително и оние кои ги поставува Кина.
Според него, САД и нивните сојузници признаваат дека постои ривалство во обликувањето на светот надвор од поделбите од идеолошката блоковска Студена војна од втората половина на минатиот век.
Бликен тврдеше дека „постојат многу начини она што Европејците го нарекуваат системско ривалство меѓу Кина и многу наши земји“, но мораат „каде тоа е возможно, да пронајдат начини за соработка во навистина големите прашања“.