Со натпреварите меѓу Индијана Пејсер и Шарлот Хорнетс како и на Бостон Селтикс со Вашингтон Визардс ноќта од вторникот кон средата по средноевропско време ќе започне разигрувањето за пласман во НБА доигрувањето.
Овој систем е новина во годинешната скратена сезона која во основниот дел содржаше 72 натпревари, десет помалку од вообичаена бројка. Идејата на водството на НБА лигата беше на што поголем број клубови да им се овозможи да влезе во борбата за титулата, но многумина играчи беа критични кон таквиот начин на борбата за последните две места во доигрувањето.
Особено гласен во критиките беше Леброн Џејмс, но само отоако неговите Лос Анџелес Лејкерс се најдоа во позиција да им биде загрозен директниот пласмат во доигрувањето. На крајот инатогодишните шрваци ќе играат во разигрувањето и ќе имаат две можности за пласман меѓу осумте екипи кои ќе ја продолжат во битката за трофејот на Лери О’Брајан.
Во ноќта од средата кон четвртокот околу 4 часот по средноевропско време, Лејкерс во Лос Анџелес ќе бидат домаќани на Голден Стејт Вориорс кои се предводени од најдобриот стрелец во лигата Стефен Кари.
Победникот од овој дуел ќе го заземе местото на седмиот носите во Западната конференција и во првиот круг од доигрувањето ќе игра против Феникс Санс. Поражениот тим, пак, ќе има можност да го заземе местото на осмиот носител во дуелот во кој ќе биде домаќин на подобриот од дуелот меѓу Мемфис Гризлис и Сан Антонио Спарс, кои во основниот дел од сезоната ги освоија деветтото и десеттото место во Западната конференција. Екипата која ќе ја зазема позицијата на осмиот носител во првиот круг од доигрувањето ги чека Јута Џез, тимот кој имаше најдобар ефект во основиот дел од сезоната.
Во Источната конференција за статусот на седмиот носител ќе се борат Бостон и Вашингтон ноќта кон средата во 3 часот, во „ТиДи Гарден“. Селтикс се ослабени бидејќи до крајот на сезоната не можат да сметаат на поведениот Џејлен Браун на кој у е опериран зголбод, а на Визардс по три натпревари отсуство за завршниот дуел во основниот дел и се врати најдобриот стрелец Бредли Бил. Но неговата повреда на бутниот мускул не е потполно залечена.
Доколку и не успеат да победат во Бостон, кошарјарите на Вашингтон ќе имаат можност да играат со подобриот до дуелот меѓу Индијана и Шарлот, кој исто така е на распоредот ноќта од вторникот кон средата, половина час по полноќ, за местото на осмиот носител во Источната конференција кој во првиот круг од доигрувањето ќе игаат против Филаделфија 76ерс.
Победникот од дуелот меѓу Бостон и Вашингтон во првиот круг од плејофот го чека Бруклин Нетс.
Двојки од првото коло во плејофот во НБА
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Филаделфија (1) – Победник од разигрувањето за 8-то место
Њујорк (4) – Атланта (5)
Милвоки (3) – Мајами (6)
Бруклин (2) – Победник од натпреварот Бостон – Вашингтон
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Јута (1) – Победник од разигрувањето за 8-то место
ЛА Клиперс (4) – Далас (5)
Денвер (3) – Портланд (6)
Феникс (2) – Победник на натпреварот ЛА Лејкерс – Голден Стејт