
Сите плејоф двојки не се комплетирани поради фактот што се игра плеј-ин турнирот. Во Западната конференција десеттопласираниот Сан Антонио и деветтопласираниот Њу Орлеанс ќе играат меѓусебе, а победникот ќе игра уште една рунда против поразениот од дуелот помеѓу седмопласираната Минесота и осмиот Лос Анџелес клиперс. Тимот што ќе победи го добива осмото место и игра со најдобриот тим по регуларниот дел Феникс. Победникот од дуелот меѓу Тимбервулфс и Клиперс го освојува седмото место и во плејофот ќе игра против второпласираниот Мемфис.
Останатите двојки на Западот се, Далас (4) против Јута (5) и Голден Стејт (3) против Денвер (6).
На Истокот исто така познати се две двојки од првата рунда во разигрувањето. Филаделфија (4) против Торонто (5) и шампионот Милвоки (3) против Чикаго. Второпласиранито Бостон во плејофот го чека подобриот од пресметката помеѓу Бруклин и Кливленд. Поразениот од овој дуел оди во уште една рунда со подобриот од пресметката помеѓу Атланта и Шарлот, а победникот од овој дуел оди на мегдан со најдобриот тим на Истокот Мајами.