Во недела навечер завршниот напад врз Рака

Завршниот напад врз последните линии на одбраната на екстремната сунитска организација Исламска држава во Рака, главното упориште на џихадистите во Сирија, ќе започне во недела навечер, објави командантот на арапско-курдските сили коишто ги вооружуваат, обучуваат и помагаат на теренот САД.

Освојувањето на преостанатите објекти квартови кои се под контрола на џихадистите, се оценува како важен чекор во уништувањето на Исламската држава, откако нејзините претходно годинава беа потисната од нивната „престолнина“, вториот по големина ирачки град Мосул и од големите подрачја кои ги држеа во двете соседни земји.

На врвот од својата моќ пред две години, Исламската држава владееше со области во Сирија и Ирак на којашто го прогласи својот калифат со површина колку големите европски земји, од предградијата на ирачката престолнина Багдад до северот на Сирија кои ги зазема со ненадејната офанзива во летото 2014 година кога се одвои од Ал Каеда и се покажа како извонредно добро вооружена. Меѓутоа, од тогаш претрпе низа порази во судирите со ирачките и сириските сили, кои се помогнати од руската авијација и од меѓународната коалиција предводена од САД.

Нападот врз Рака ќе биде насочен во областа околу градскиот стадион, изјавил Ардал Рака, командант на Сириските демократски сили (SDF) на западот од истоимената покраина. Борците на Исламската држава се збиени во потесното централно градско подрачје во кој се наоѓаат стадионот, националната болница и кружниот тек на кој исламистите своевремено ги прикажуваа јавните обезглавувања на своите непријатели.

На периферијата од градот, пак, од јужната страна се силите на сириската владина војска кои контролираат правци по кои се повлекуваат борците на Исламската држава.

Рака три години беше главниот град на самопрогласениот калифат кој требаше да биде обновување на средновековниот историски калифат кој се простирал од североистокот на Ирак, преку Сирија до Либан. Во овој град, исто така, беше сместен центарот за планирање на операциите во источниот, северниот и централниот дел на Сирија, како и на терористичките акции во странство.