Во недела протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

Ова е историски момент за нашата држава. Македонскиот народ, никогаш не бил предаден вака цинично и без преседан, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Огромни беа ветувањата, а уште поголеми очекувањата. Меѓутоа, реалноста во која живееме, го зборува следново – нема ниту една реформа во образованието, земјоделието, здравството, а капиталните инвестиции веќе една година се во стагнација. Наместо актуелните функционери да се залагаат за благосостојба на народот, тие јавно поттикнуваат поткуп, доделување на државни средства на владини функционери, вработување на членови од семејствата, доделување државни стипендии на министерски деца, рече Јорданов:

„Но, македонскиот народ е зрел и знае дека ова не е патот по кој треба да оди Македонија за да стигне пред портите на ЕУ и НАТО. Затоа, сите вие кои сте против овој предавнички договор, сите вие кои сакате да ја видите Македонија гордо исправена пред ЕУ и НАТО, сите вие кои сакате да го зачувате националното достоинство, ве повикувам во недела, во 13:00 часот да дојдете пред црква Св. Никола, заедно да маршираме. Овој марш да биде силна порака кон Заев и неговата Влада- Штип е град од каде потекнуваат бројни херои и државотворци, нема да дозволиме некој да гази по нивните дела и нивната идеологија!“.