Најмалку 31 дете загина на северот на Колумбија кога изби пожар во автобус во кој се превезувале, соопшти денеска Црвениот крст.
Во несреќата која се случи вчера, повредени се уште 24 деца и едно возрасно лице се здобило со опекотини.
Многу од нив се во болница и се во критична состојба, пренесува АФП.Децата во автобусот биле на возраст од една до осум години, кои тргнале на прослава во една црква.