За денешниот ручек се одлучивме за малку италијанска храна поточно Миланско ризото, да за десерт подготвуваме слатки преслатки тркалца.
Состојки
400 гр ориз
1 главица кромид
100 гр путер
1,5 л вода
1 коцки за пилешка супа
2 лажици суви зачини
150 мл вино
1 лажица шафран во прав
50 гр рендан пармезан
Подготовка
Во зовриена вода ставете ја коцката за супа и гответе околу пет минути. На загреаниот путер кратко пропржете исчекан кромид и помалку додавајте од супата. Додадете исчистен ориз, кратко пропржете и постепено додавајте од супата со непрекинато мешање. Пред крај додадете вино, зачини и шафран, а потоа пармезан.
Слатки тркалца
Состојки
За бисквитот
120 гр шеќер
6 јајца
120 гр пченичко остро брашно
Лимонова кора
20 гр какао
За крем
200 гр путер
200 гр шеќер во прав
2 жолчки
2 лажици рум
60 гр чоколадо
За белиот фил
1 белка
200 гр шеќер во прав
1 лажица лимонов сок
Подготовка
Смесата од шеќер и жолчки, на кои сте и’ додале изрендана кора од лимон, добро пенасто изматете и полека додавајте брашно и цврсто изматен шлаг од белки.
Во половина од тестото додадете какао, а другта половина нека остане жолта. Секој дел испечете го посебно во тава (40х30 см) околу 10 минути.
Испечените листови тесто ставете ги на навлажнета кујнска крпа и секој посебно завиткајте го. Подоцна изладените бисквитни листови намачкајте ги со кремот и тоа жолтиот со чоколадниот крем, а темниот со белиот.
За кремот пенасто изматете го путерот и шеќерот, а потоа додајте ги жолчките и румот. Во половина од добиената крема додаете растопена чоколада.
За белиот фил шеќерот во прав ставете го во мало тенџере и додајте ги белките за да добиете густа течна смеса. Мешајте доволно долго за да стане целосно иста и бела односно околу пет минути. На крајот додајте лимонов сок.
Тестата ставете ги едно на друго, свиткајте ги во ролат и прелијте со белиот фил.
Пријатен апетит!